Тогаш со срдба ги погледна, и натажен заради закоравеноста на нивните срца, му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ И тој ја испружи и таа беше здрава како другата. (Марко 3:5 - Стандарден Превод)
Бог не е по правилата. Тој е по врските. На пример, кога Исус го исцелил човекот со исушена рака во еврејскиот свет ден сабота, верските водачи почнале да кројат завера да Го убијат. Исус бил гневен на овие фарисеи, оти тие, меѓу другото, повеќе ги сакале своите ригидни правила од луѓето. Можеби биле религиозни, но сигурно не го имале Христос, христијанството и Бог, пред сѐ, во срцата!
Она што е дури и поапсурдно е дека истите верски водачи коишто Го убиле Исус инсистирале Тој да биде симнат од крстот пред зајдисонце (почнувањето на саботата) дента кога Го убиле, оти не било „според Законот“ да виси мртов на крстот во сабота. Ако го оставеле на крстот, би прекршиле еден од своите закони и би се чувствувале церемонијално нечисти. Види, види!?!
На многумина ќе им изгледа чудно, но религијата всушност може да испрати повеќе луѓе во пеколот отколку кое било друго нешто! Односно, онаа религија којашто зависи од „добрите дела“ на верникот или пак од човечките закони, правила и традиции. Но тие нешта никогаш не однеле некого на Небесата. Божјото Слово, Библијата, јасно потенцира дека: „Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не е од делата, за да не се фали некој. (Ефешаните 2:8-9 – Стандарден Превод).
Да нагласам повторно – Бог не е по религијата или по правилата. Тој е по врските. Исус умрел за ние да можеме повторно да се поврземе со Бога и да одржуваме правилна врска со Него. Тој исто така сака да нѐ исцели за да може да имаме здрави врски со другите и да живееме во хармонија со Божјите закони – за да може да живееме здрави животи.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Ти благодарам што си Го жртвувал Својот син Исус да умре на крстот за моите гревови за да може јас да уживам во вистинска врска со Тебе, со другите и со себе. Те молам помогни ми да живеам според Твоите закони коишто даваат живот и да не се товарам со религија оформена од човекот, со легалистички закони или пак традиции коишто не се базираат на Твоето Слово, Библијата.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.