Бидете љубезни еден кон друг, чувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христос. (Ефешаните 4:32 – Стандарден Превод)
Мајкл Џозефсон од „Карактер Каунтс“раскажува за некој човек што се возел во метрото со своите две деца, коишто многу галамеле и биле немирни. Човекот како да не бил свесен како му се однесуваат децата, па еден изнервиран патник го нападнал: „Господине, не гледате ли дека Вашите деца ги вознемируваат сите?! Како може да бидете толку нечувствителен?“
Човекот се расплакал: „Жалам! Мајка им само што почина и размислував како ќе се снаоѓаме без неа“.
Во истиот миг „правдољубивоста“ на критичарот се претворила во самоосуда.
„Зошто многумина од нас треба ,да добијат по тиквата` за да се сетат на грижата и сочувството? Следниот пат кога ќе бидете во ситуација да бирате помеѓу праведност и сочувство, изберете го сочувството“. (Michael Josephson, Character Counts, "Being Right or Being Kind." (533.5)
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам дај ми разбирање и сочувствително срце, за секогаш да бидам благ и љубезен кога е потребно разбирање и благост, за на секаков начин да може да станувам посличен на Исус.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.