И така, бидете совршени како што е совршен вашиот небесен Татко. (Матеј 5:48 - Стандарден Превод)
Еден читател на „Дејли Инкаунтер“ ми пишува: „Христијанин сум, ама со сериозна дилема. Гледам постојано христијани коишто имаат голема радост во Господа, додека за мене христијанството е многу напорно секојдневно чекорење, знаејќи дека е невозможно да достигнам перфекција. Така, постојано потфрлам, што ми го прави животот депресивен (да, навистина сум голем перфекционист!). А логиката пак ми вели дека ако сум христијанин, треба да имам радост во Господа и животот не треба да ми биде напорна битка“.
Тажно, навистина тажно е сето ова! Но, фактот дека сме Божји деца воопшто не ни ги брише човечките слабости и не ги исцелува нашите емоционални рани. Перфекционизмот е емоционален проблем, и, иако нѐ засега духовно, не е духовен проблем којшто е поголем од тешката настинка, којашто истотака прави да се чувствуваме депресивно.
Зборот „перфектно“ во Библијата би можел слободно да се преведе и со „комплетно“, „здраво“ или „зрело“. Токму ова сознание би можело да ни помогне да се ослободиме од стапицата на перфекционизмот. Да, секако, треба да се трудиме да постигнеме одлични резултати, но перфекционизмот е емоционална болест. Тој исто така е проклетство, бидејќи постојано го држи перфекционистот во ропство.
Перфекционизмот вообичаено има корења во годините на развојот, кога детето морало да биде „перфектно“ за да се чувствува сакано - но сето тоа не е љубов! Тоа е условена „љубов“ и контрола и се заснова на постигањата наместо на тоа што личноста е. Затоа перфекционистот не може да биде среќен во таа состојба на умот, оти сѐ што ќе направи не е совршено, односно не може да биде доволно добро - и никогаш нема да се чувствува сакан/а поради тоа што е.
Исто така, може да биде речиси невозможно да се живее со таков човек, оти и тие околу него/неа не можат да достигнат перфекција.
Па, што треба да прави перфекционистот за да го надмине својот проблем?
Прво, треба да увиди и да признае дека е перфекционист. Прифаќањето е првиот чекор за разрешување на кој и да било проблем. Одрекувањето пак нѐ држи постојано заглавени.
Второ, мора да увиди дека перфекционизмот е емоционална болест и дека му/ѝ е потребно излекување.
Трето, мора да побара од Бог да му/ѝ помогне да го препознае коренот на својот перфекционизам и да го/ја води до помошта којашто му/ѝ е потребна за да го надмине.
Запомнете исто така дека „Бог е милостив - кога имаме неразрешени проблеми, ни дава симптоми“. Перфекционизмот е симптом - или плод - на длабок корен и потребно е да се реши длабоко закопаниот проблем за да се надмине симптомот.
Четврто, би го охрабрил да побара компетентен христијански (професионален) советник којшто ќе му/ѝ помогне да презема мерки за да го разреши проблемот; инаку ќе се бори и ќе живее со него до крајот на животот.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да сфатам дека не мора да бидам совршен/а за да ме сакаш, но исто така и дека сакаш да продолжам да созревам движејќи се кон духовна и кон емоционална зрелост - за да го вкусам и да го чувствувам Твојот мир во мојот секојдневен живот. Помогни ми да ја исповедам секоја област во мојот живот за којашто ми е потребно исцелување и води ме до помошта којашто ми е потребна за целосно да оздравам.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.