И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. (Јован 14:13 - Стандарден Превод)
„Д-р Лесли Ведерхед, познат проповедник од 20. век, раскажува како еднаш во средно училиште имал многу тежок завршен испит. Но го открил тој познат стих: Што и да побарате во Мое име, ќе направам...
Ведерхед верувал дека тој стих значи дека сѐ што треба да направи е да побара и ќе го положи успешно тестот. Му кажал на Бог дека верува на Неговото ветување и дека сака добра оценка. Следниот ден се појавил на испитот. Но, кога оценките биле истакнати, констатирал дека паднал. Бил многу разочаран поради тоа. Се оттргнал од Бог и речиси отпаднал од верата. Дошол до заклучок дека ветувањата во Библијата не се за верување - поради тоа што Бог не му ја исполнил желбата за добра оценка.
Следната година повторно го слушал предметот. Учел напорно и положил. Тогаш решил дека Бог не му е потребен и дека ќе се снаоѓа сам.
Но, после неколку години д-р Ведерхед дошол до сознание дека неговите сопствени сили и способности се всушност сила којашто му ја дал Бог. Почнал да сфаќа дека Бог веќе му дал сила да го положи тестот, но не ја искористил во првиот случај“. (Пречесен Ричард Џ. Ферчајлд, „Our Desire and Our Growth“.)
Сигурен сум дека сите ние би можеле да се поистоветиме со Ведерхед по тоа што во одредени моменти сме очекувале од Бог да направи еден куп работи за нас без ние воопшто да се потрудиме или да вложиме многу малку сопствен труд. Но, за наша среќа - иако сега ова ви изгледа нелогично - работите не се такви!
Бог ќе го стори за нас само тоа што самите не можеме да го сториме. Токму затоа и го испратил Исус да умре за нас, бидејќи ние самите не можеме да се спасиме. Но помнете - Бог нема да го стори за нас тоа што е наша обврска. Ако постапува така, ќе нѐ направи нездраво зависни од Него и незрели.
Да, точно е дека Бог ги храни и птиците - но не им фрла храна во гнездата!
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да сфатам дека Ти си ги отворил Небесата и си дошол на Земјата за да ме спасиш од моите гревови, но и дека нема да го правиш за мене тоа за што претходно си ме оспособил. Помогни ми да запомнам дека личната одговорност е моја одговорност.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.