Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот. (Псалм 19:7 - Душан Х. Константинов)
Леонардо да Винчи рекол: „Природата никогаш не ги прекршува своите закони“. За среќа, така е. На пример, ако не постоеше законот на гравитацијата, Земјата не би можела да се одржи во својата орбита и сите ние би одлетале кон длабоката вселена. Ако се обидеме да ги прекршиме природните закони - на пример законот на гравитацијата, резултатот ќе биде само да увидиме дека не можеме. Тој обид единствено тешко ќе нѐ повреди или дури и ќе нѐ убие!
Постојат и универзални морални закони, без коишто општеството целосно би се распаднало. Ако ги прекршуваме тие закони, исто како и во претходниот случај, тие ќе нѐ скршат нас, или, уште поубаво кажано, самите ќе се разбиеме од нив! Но важни се и најголемиот дел од законите донесени од човекот. Тие го прават живеењето со другите остварливо. Замислете си само како би изгледало возење на некој автопат ако не се почитуваат сообраќајни правила!
Има и закони коишто го управуваат човековиот развој. На пример, на секое дете му се неопходни обемна грижа, безусловна љубов, прифаќање, во текот на годините на развојот. Кога тие закони ќе се прекршат, истото ќе се случи и со децата - мнозина од нив, жртви на такви „несреќи“, ќе завршат со скршени животи. Има и закони коишто се однесуваат на здравјето, среќата и благосостојбата на возрасните. Спротивставете им се, игнорирајте ги или прекршете ги тие закони и ќе се скршите себеси.
Бог ни дал и духовни закони... не за да ни ги одземе радоста и слободата, туку да ни ја подари полнотијата на животот и вечен живот. Прекршувањата на тие закони доведуваат до наша вечна пропаст.
Ги почитуваме и прокламираме тие закони не затоа што сме легалисти и мораме да ги почитуваме, туку бидејќи тоа го сакаме и одбираме да ги почитуваме, бидејќи знаеме дека ни се неопходни заради нашата благосостојба и благосостојбата на нашите сакани. Како што напишал псалмистот „Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот; Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед е светла - ги просветлува очите; Стравот од Господа е чист - останува довека; Господовите судови се вистински - сите се еднакво праведни; Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита. Твојот слуга е предупреден од нив, кој ги чува има голема награда“. (Псалм 19:7-11 - Душан Х. Константинов).
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да разберам дека сите Твои закони се за моја целосно благосостојба - и за овој живот и за оној којшто ќе уследи. Дај ми здрав разум и храброст секогаш да живеам во хармонија со Твоите закони, за да може да живеам во хармонија со себеси, со другите и со Тебе.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.