Според тоа, јадете ли, пиете ли, или што и да правите, правете сѐ за Божја слава! (1 Коринќаните 10:31 - Стандарден Превод)
Денешната девоција е напишана од заповедник Ерик Џ. Бериман.
„УСС Асторија“ (Ц-34) е првиот воен брод-крстосувач на САД којшто стапил во борба со Јапонците, а тоа се случило во битката за островот Саво. Таа се одвивала во текот на ноќта помеѓу 8 и 9 август 1942 година. Иако имала два успешни погодоци во царскиот команден брод „Чокаи“, „Асторија“ била тешко оштетена и потонала веднаш после пладнето на 9 август.
Околу 2 часот после полноќ, Елџин Стејплс, врскар од трета класа којшто доаѓал од Средниот Запад, бил фрлен во морето од експлозијата на првиот 20-сантиметарски топ. Ранет во обете нозе од шрапнели и во полушок, тој се одржувал на површината само благодарение на малиот елек за спасување којшто го надувал со помош на едноставниот механизам за активирање. Околу 6 часот наутро, Стејплс бил спасен од еден разурнувач којшто пловел во близината и бил вратен на „Асторија“, чијшто капетан се обидел да ја спаси насукувајќи ја во плитко. Обидот не успеал, па Стејплс, сѐ уште носејќи го елекот за спасување активиран по експлозијата на топот, повторно се нашол во вода. Повторно бил спасен, овојпат од бродот „УСС Претседателот Џексон“ (АП-37). Бил еден од 500-тината преживеани во битката, коишто биле евакуирани на Ноумеа.
Додека патувале дотаму, Стејплс првпат почнал да го разгледува внимателно елекот којшто толку добро го послужил. Бил произведен од компанијата „Фајерстон Тајер енд Рабер“ од Акрон, Охајо, и имал регистерски број.
Кога добил домашно отсуство, Стејплс ја раскажал својата приказна на мајка си, којашто работела за „Фајерстон“ и ја прашал која е улогата на регистерскиот број на елекот. Таа му објаснила дека компанијата инсистира на лична одговорност во воената состојба и дека секој инспектор на производите има свој број, којшто се впишува на исконтролираниот производ. Стејплс добро го помнел регистерскиот број на производот, и ѝ го кажал на мајка си. Се покажало дека тоа е бројот на мајка му“. (Commander Eric J. Berryman, U.S. Naval Reserve, Proceedings, U.S. Naval Institute, vol. 15/6/1036 (јуни 1989 година), стр. 48. Цитирано на PreachingNow, на 28 март 2006 година)
Ако секогаш постапуваме правилно, оние на коишто најмногу ќе им помогнеме со таквото однесување, и тоа на безброј начини, сме ние самите и нашите најблиски.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помагај ми секогаш да постапувам правилно, без разлика на трошоците, загубите и тежината, за мојот живот да не помине напразно, и, за кога ќе го завршам животното патување, да ги чујам Твоите топли зборови: „Арно сторено, добар и верен слуго! Влези во радоста на својот господар!“.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.