И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила. (Јаков 5:16 - Стандарден Превод)
Читател на „Дејли Инкаунтер“ ме прашува: „Можете ли да ми објасните зошто се чувствувам толку мизерно, виновно и несреќно од фактот дека не го исполнив моето ветување на Бог дека ќе престанам да пушам? Чувствувам дека Тој ме казнува за неуспехот и за прекршувањето на ветувањето“.
Не, не, не, не, не!
Бог не е таков. Тој не е татко којшто казнува, како што прават некои од татковците во овој свет - или можеби како што постапувал твојот татко кога си бил/а дете. Бог е многу поголем од тоа!
Всушност, казнувањето доаѓа од нас самите! Откажувањето од пушењето или која било друга зависност - мала или голема - тешко дека би се реализирало само со давање ветување некому, вклучително и на Бог. Коренот на зависноста е симптом на поголем и подлабок проблем - и таа честопати се користи како средство за да се избегне вистинскиот дефект! Како што веќе многупати било кажано, симптомите се плод на длабок корен. Да се потсетиме сега и што рекол некој: „Бог е милостив - кога имаме неразрешени проблеми, ни дава (или ни дозволува да добиеме) симптоми!“
Секако, многу е важно да не го занемариме справувањето со симптомите, но она коешто Бог навистина го сака е да нѐ исцели на многу подлабоко ниво, онаму каде што е коренот на нашиот проблем. Симптомите треба да ни бидат аларм да ја побараме неопходната помош.
Затоа, најпрвин, треба да се молиш со вистинската молитва. Ако се бориш со зависност или со лоша навика, побарај Бог да ти даде увид и храброст да ги видиш причините за тој проблем (зависност или навика) - односно, зошто воопшто се појавил. Но проси и да видиш дали проблемот е бегство од соочувањето со некое неразрешено прашање во твојот живот? Побарај Бог да те соочи со вистината зад твојот проблем - односно со коренската причина, без разлика колку болно тоа би можело да биде за тебе.
Второ, барај Бог да те поведе кон помошта којашто ти е потребна за да ја надминеш зависноста, без разлика дали медицинска или психијатриска помош, како и да ти помогне да дојдеш до поддршка, без разлика дали во некој клуб на лекувани алкохоличари и слично.
Запомни, ако ги исповедаш своите неуспеси на Бог и ја побараш Неговата прошка, Тој секако ќе ги прости - секогаш, секогаш и секогаш! Исус рекол дека на оние коишто ќе ни згрешат треба да им простуваме седумдесет пати по седум, односно бесконечен број пати - а така и Бог ни простува нам... Но тоа не е оправдание за нас да се однесуваме како што сакаме, туку израз на Божјата љубов која ќе нѐ облее секојпат кога ќе ги побараме Неговата помош и избавувањето.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, ти благодарам за симптомите коишто се сигнал за неразрешени лични проблеми. Мојата зависност (...именувај ја во овој момент...), ако е плод на длабок корен, само Ти можеш да ја поразиш. Дај ми увид да ги видам вистинските причини, храброст да се спротивставам, како и да ја исповедам мојата зависност пред Тебе и пред некој човек од доверба. Дај ми и мудрост да побарам помош во надминувањето на мојот проблем - и доведи ме до вистинската помош за мене.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.