Ова е чиста и неизвалкана религија пред Бога и Таткото: да се посетуваат сираците и вдовиците кога се во нивната невола, и да се биде неосквернет од светот. (Јаков 1:27 - Стандарден Превод)
Тинејџерот Коди отишол во мисија во Етиопија. Таму бил изложен на сиромаштија за каква што никогаш не сонувал дека постои. Во една ситуација, малечко момче го потегнало, покажувајќи му со тоа дека ја сака за себе маицата којашто Коди ја носел. Коди благо го оттурнал - и си ја зачувал маицата.
Кога се вратил во САД, почнал да се потсетува на ситуацијата. Сликата на детенцето не можел никако да ја избрише од мислите. Затоа Коди почнал кампања за собирање маици за сиромашните земји. Телефонирал илјадници пати, чукнал на многу врати, и на крајот собрал 18.000 маици, од коишто 10.000 биле употребливи. Откако разбрале за неговата акција, го побарале и новинарите од „Си Ен Ен“. Медиумската куќа пронашла авион којшто бесплатно ќе ги достави маиците - но не можела да гарантира каде тие ќе завршат. Хуманитарната агенција чијшто бил авионот го упатила во земја без царини - погодувате, нели? - во Етиопија! Луѓето коишто ги добиле маиците биле во екстаза. Исто и Коди. ("Vision--It's The Tool of The Spirit." Адаптирано од Џон Ортберг www.willowcreek.org).
Ако го бараме очигледното, големи се шансите да го видиме каде и да погледнеме. Ако сме „наштелувани“ на Божјата фрекфенција и живееме во хармонија со Неговата волја, секако ќе го видиме.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да го гледам светот околу мене со очите на Исус и да бидам она коешто Тој би бил и да го правам она коешто Тој би го правел.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.