Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и` соопштува. Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас. (Псалм 19:1-3 - Душан Х. Константинов)
Неодамна го гледав ДВД-то "Journey Toward Creation ... Travel Back to When Light First Sprang from Darkness". Водител беше астрономот и писател д-р Хју Рос. Благодарение на модерните технологии, денес сме во можност да гледаме огромни пространства на вселената, движејќи се преку милиони светлосни години. Неверојатната великост на универзумот е вџашувачка. Да прифатиме дека сето тоа настанало случајно бара купишта повеќе вера отколку да веруваме дека сѐ е плод на разумна промисла на божествен Создател. А сепак атеистите тврдат дека нема Бог.
Ако речам дека нема Бог, себеси се правам конечниот авторитет и суд и така ја узурпирам улогата на Бог во мојот живот. Станувам бог сам на себе. Потоа, колку повеќе учиме за животот и колку пообразувани стануваме, сѐ повеќе сфаќаме колку малку знаеме за овој свет, а пак збор да не станува за целата вселена. Како што вели Томас Алва Едисон: „Сѐ додека човекот не направи дупликат на ливче трева, Природата може само да се смее на неговото тн. научно сознание... Очигледно е дека не разбираме ниту милионити дел од процентот од било што“. (Quote DB)
Без сомнение, има многу фактори зошто веруваме во тоа во коешто веруваме. За многумина, голем дел од верувањата се должат на нивното воспитување, на она на коешто биле учени во текот на нивното созревање. Системот на верувања на некој човек исто така е под влијание на тоа колку тој е чесен или нечесен во поглед на внатрешната вистина. На пример, доколку имам неразрешени и потиснати негативни емоции, одбраните коишто сум ги развил за да се штитам од допирот до тие болни емоции ми го заматуваат погледот и кон настаните во животот - и на крајот ќе бидам со извртен поглед на нештата. Како што вели Сесил Озборн: „Секоја непролеана солза (и закопано чувство) е призма низ која се распрснуваат сите повреди на животот“.
На крајот на краиштата, ние веруваме во она во коешто сме одбрале да веруваме - честопати тоа е нештото коешто го гледаме како најугодното за нас. На пример, ако одберам да верувам во Бог, знам дека сум одговорен во поглед на моралот. Од друга страна, ако одберам да не верувам во Бог, се заблудувам себеси со мислење дека не сум морално одговорен и дека можам да живеам како што ми е угодно. Да дадам пример. „Филозофот Мортимер Адлер, еден од великите интелекуалци на 20. век верувал дека христијанството е вистинито, но одбивал да го прифати, бидејќи би му се мешало во стилот на живот. Со време, тој ја надминал таа пречка и станал христијанин; нешто што, со оглед на доказите, била единствената разумна работа којашто можел да ја направи“, (Chuck Colson; BreakPoint, October 11, 2007)
Јас би се осмелил да додадам дека можеби, но само можеби, неговата лична чесност го довела до одлуката да го посвети својот живот на Бог и да стане христијанин.
Па, дали атеизмот е интелектуален или морален проблем? Како што би рекол Бил О`Рајли: „Ние пренесуваме, вие одлучувате!“
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да бидам чесен за да немам извртен поглед на светот и извртен поглед на реалноста. Те молам води ме по патот на вистината, за да може јасно да ја гледам сета вистина за Тебе, за универзумот и за сето создание.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.