13 јануари 2010

Како да станеш и останеш бедник...

(Непознат извор)
    Мисли само на себе. Разговарај само за себе. Користи го зборот „јас“ што почесто можеш. Непрестано огледувај се себеси во мислењето на другите. Стрвно слушај што зборуваат другите за тебе. Очекувај дека сите ќе те ценат.
    Биди сомничав. Биди завидлив. Биди осетлив на омаловажувања. Никогаш не простувај за критиките.
    Не верувај во никого освен во себе. Барај почитување и разбирање на твоите вредности. Барај сите да се сложуваат со твоите мислења до последната подробност.
    Биди зловолен кога луѓето нема да ти бидат благодарни за некоја наклоност што ќе им ја укажеш.
    Смали ги своите должности колку што можеш. Прави за другите што е можно помалку.