11 јануари 2010

Биди смел во барањето

Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој сака добива; кој бара наоѓа и на оној кој чука, ќе му биде отворено. (Матеј 7:7-8 - Стандарден Превод)

Се зборува дека добар пријател на Хенри Форд, познатиот автомобилски магнат и втемелувач на гигантот „Форд“, многу се вознемирил кога Форд не купил голема полиса за животно осигурување од него. Кога го прашал својот пријател зошто купил полиса од целосен странец, а не од него, Форд му одговорил: „Ти никогаш не си ми понудил“.
Кога некој сака нешто од мене, сакам да ме праша директно, без да кружи или да се обидува да ме манипулира, итн. Според зборовите на Исус, Бог сака и ние да го правиме истото кога Му пристапуваме - да бидеме директни, детални и одлучни; односно директно да го бараме она коешто го посакуваме, оти „секој кој сака добива; кој бара наоѓа и на оној кој чука, ќе му биде отворено“.
Се прашувам колкумина од нашите лични познаници би дошле при Исус доколку се осмелиме да ги поканиме да го направат тоа - дури и преку давање или испраќање по пошта на вкусно подготвена евангелизаторска брошура или пак книга, или пак преку препорачување на веб-сајт или на веб-страница коишто го пренесуваат повикот на Исус упатен до секој грешник.

Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да бидам директен и смел во сите свои комуникации со Тебе, но и со моите најблиски пријатели. Помагај ми да го барам и искрено да копнеам по секој благослов и добар дар којшто Ти сакаш да ми го дадеш. Те молам и да ми дадеш храброст да ги поканам моите пријатели и роднини да Те прифатат како свој личен Спасител и Господ.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.