Луѓето од ова поколение... се како децата кои седат по пазариштата и си викаат едни на други: ‘Ви свиревме, а не игравте! Ви пеевме жални песни, а не плачевте!‘ (Исус: Лука 7:32 - Стандарден Превод)
Најпрво, дозволи драг читателу да ти посакам среќен празник - Рождество Христово!
Еден декемвриски ден во 1903 година во Кити Хок, во американската држава Северна Каролина, Орвил и Вилбур Рајт, после голем број неуспеси да полетаат со својата машина потешка од воздухот, влегоа во историјата. Постигнаа нешто што претходно не му пошло од рака на ниту еден друг човек. Во екстаза, тие ѝ испраќаат телеграма на сестра си Кетрин: „Прелетавме 852 стапки (259,7 метри - заб. прев). Ќе бидеме дома за Божик“.
Со огромна радост, Кетрин отрчува до редакцијата на локалниот весник и телеграмата - која е најголемата новинска приказна на новиот век - му ја дава в раце на уредникот. Откако ја прочитува, тој се насмевнува и вели: „Да, да, прекрасно! Момците ќе се вратат дома за Божик“.
Се прашувам колкупати и ние ја промашуваме поентата на миговите кога Бог прави ново дело меѓу нас. Религиозните луѓе од Христовото време, коишто всушност го очекувале Неговото пристигање како Месијата, целосно промашиле - не Го препознале и, иронично, дури и средиле Тој да биде распнат. Причината? Тој не дошол и не се однесувал онака како што тие мислеле дека ќе дојде и ќе се однесува.
Навистина трагично е и тоа што денес многу луѓе целосно ја промашуваат смислата на Божик (Рождество Христово). Целосно пропуштаат да сфатат дека со Своето раѓање на Божик Исус Христос, Синот на Живиот Бог, облекувајќи се во обвивката на обично човечко тело, излегол од Својата „палата“ на Небесата. Со тоа Тој се поистоветил со паднатото човештво и слегол на Земјата за да умре на суровиот Римски крст и така да ја плати казната за твоите гревови, исто како и за моите; за да може потоа Бог без каква било надомест да ни удели прошка за сите гревови и да ни го подари вечниот живот. Нема поголема трагедија во животот од онаа да се промаши Божјиот дар на простувањето на сите гревови и на дарувањето на вечниот живот.
Што и да правиш, немој да дозволиш да ја промашиш смислата на овој Божик. Прифати ја Божјата прошка и вечниот живот. Доколку ти е потребно дообјаснување или помош, можеш да се обратиш на авторот на овој блог или пак на следниот блог: goshev.blog.mk.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да ги сфатам вистинската смисла и цел на празникот Рождество Христово и да ги повлечам вистинските чекори за да го примам Твојот дар на прошката и на вечниот живот, за така да станам вистински христијанин и следбеник на Исус Христос.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.