Не напуштајќи ги заедничките собирања, како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден со друг, и тоа толку повеќе, колку што гледате дека наближува Денот! (Евреите 10:25 - Стандарден Превод)
Студија којашто пред извесно време ја извршил социологот Стивен Нок од Универзитетот на Вирџинија покажува дека веројатноста двојките коишто редовно посетуваат црква да се во прв брак е за 42 проценти поголема отколку кај двојките коишто не доаѓаат редовно на богослужбите. А пак оние луѓе во црква коишто се предадени на своите верувања имаат за 23 проценти поголеми шанси да имаат „многу среќен“ брак во однос на луѓето коишто не одат в црква.
Понатаму, според извештај на Ворен Мулер, во семејствата во коишто обата родители се редовни на богослужбите, 72 проценти од децата продолжуваат да живеат во верата. Од семејствата во коишто само таткото посетува црква, процентот опаѓа на 55 проценти, а во оние во коишто само мајката е редовна на богослужбите, бројката драстично се намалува на само 15 отсто од децата.
Треба ли уште да објаснувам?
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Те молам помогни ми да бидам активен учесник во здрава црква и да имам позитивни врски со браќа и сестри христијани - и заради мојот растеж и заради поддршка на другите.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.