Браќа, јас уште не мислам дека го достигнав тоа, но сепак правам едно: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене; трчам кон целта, за наградата на горното призвание од Бог во Христос Исус. (Филипјаните 3:13-14 - Стандарден Превод)
Ви посакувам, драг читателу, многу среќна и успешна нова година!!!
Очигледно е дека секогаш, ама баш секогаш - минатото е зад нас! Иако можеби сакаме, не можеме да го поправиме; но затоа можеме да ја почнеме новава година со надеж и со план, имајќи ги притоа пред очи можеби и зборовите на Мини Хескинс, којашто го вели следново: „И му реков на оној којшто стоеше на капијата на годината „Подари ми светлина за да можам безбедно да чекорам во Непознатото“. Тој одговори: „Навлези во темнината и стави ја својата рака в раката на Бог. Тоа за тебе ќе биде подобро од светлина и побезбедно отколку позната патека“.
Не можам да замислам подобар начин да се почне Новата година, и со Божја помош, „оваа година нека биде подобра од сите минати. Дадете си збор дека ќе сторите некои работи коишто секогаш сте сакале да ги реализирате, ама не сте нашле време. Повикајте некој заборавен пријател. Избришете стара лутина и заменете ја со пријатни спомени. Ветете си дека нема да давате ветувања за коишто не сте сигурни дека ќе ги исполните. Чекорете исправено, повеќе насмевнувајте се. Така ќе изгледате десет години помлади. Не се плашете да кажете „Те сакам“. Кажувајте го тоа одново и одново. Тоа за најслатките зборови на светот.“ (Ен Лендерс)
И додека годините сѐ побргу ми врват, станувам сѐ посвесен за фактот дека животот е кус за секого. Затоа погрижи се во 2010 година да инвестираш во вечните вредности, оти сите ние имаме само еден живот којшто бргу ќе згасне, а само довереното на Христа ќе остане.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Ти благодарам за оваа, уште една, година во којашто можам да Ти служам. Те молам помогни ми да ја инвестирам мудро, во неуништливи вредност, за кога ќе застанам пред Тебе лице в лице, да можам да ги чујам Твоите топли зборови: „Добро сторено, добар и верен слуго. Влези во радоста на својот Господ.“
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските и сите други права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.
Архива на блогот
-
▼
2010
(54)
-
▼
јануари
(18)
- Соништа: Божјиот заборавен јазик (2 дел)
- Соништа: Божјиот заборавен јазик (1 дел)
- Сочувство и благост
- Биди одговорен - постапувај правилно
- Дали Бог ме казнува?
- Бог зборува - ако слушаш
- Кога Бог ќе те разочара
- Атеизмот - интелектуално или морално прашање?
- Перфекционизмот и спасот од него
- Како да станеш и останеш бедник...
- Законите се пријатели
- Биди смел во барањето
- Да се биде ОК или не-ОК?
- Какво промашување!
- Пред да речеш „да“
- Влијанието на Црквата врз семејството
- Законот на ѓубреџискиот камион
- Остави впечатлив белег во годината пред тебе
-
▼
јануари
(18)