Вашите старци ќе сонуваат соништа, а вашите момчиња ќе гледаат виденија. (Јоил 2:28 – Душан Х. Константинов)
Соништата не само што даваат низа вредни лични увиди, туку, како што е документирано, дале и многу креативни идеи. На пример, некои пронаоѓачи на сон добиле генијални концепти. Да се потсетиме сега како иноваторот Илајас Хауи ја создал првата машина за шиење. Имал големи потешкотии да ја создаде иглата. Кога речиси ги потрошил сите пари, сонил необичен сон. Сонувал дека треба да го погубат оти не создал машина за шиење за кралот на некоја чудна земја. Во сонот бил обиколен со стражари коишто в рака држеле копје во коешто имало дупка близу до врвот. Хауи се разбудил и поитал во работилницата. Перфектниот концепт за иглата му дошол в сон. По неколку часа, дизајнот за првата машина за шиење се приближувал кон завршетокот.
Сум слушнал дека некои велат оти теоријата на релативноста на Ајнштајн му дошла или на сон или во визија. Ја видел, велат, на сноп светлина. Прочитав некаде и дека првата електронска ламба на пронаоѓачот му се покажала на сон.
Дали всушност кога се исполнило времето овие откритија да дојдат на светот, Бог им ги дал на луѓе обучени да ги разберат и да ги применат? Или едноставно се случиле туку така? Претпочитам да верувам во првата опција.
Без разлика што веруваме за соништата, како што кажавме вчера, тие се дар даден од Бога – Тој ни ја подарил способноста за сонување. Дали ќе ги потиснуваме, како што прават мнозина, или ќе ги игнорираме, како што прават најголемиот дел од луѓето, или пак ќе решиме да ги користиме во креативни цели, како што е случај со некои - зависи само од нас!
Ако сакаш успешно да си ги запомнуваш и толкуваш соништата, држи пенкало и нотес покрај креветот, па штом ќе се разбудиш, запиши го секој сон којшто ќе ти остави силен впечаток. Така подоцна подобро ќе се потсетиш на сонуваното.
Ако треба да кажам за себе, соништата ми дале многу скапоцени увиди, кои се покажале како предуслови за растеж и закрепнување.
Молитва којашто сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог:
Драг Боже, Ти благодарам за способноста за сонување. Помогни ми да го протолкувам правилно секој сон којшто е со намера да ми помогне да израснам; да разрешам некаков проблем или недоумица; да ме натера да извршам некакво добро дело; да помогнам некому којшто се наоѓа во премрежје; или пак сон којшто треба да ми даде битен увид. Исто така, помагај и да го сторам тоа што треба да се направи.
Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.
---
Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
Copyright by ACTS International. Used by permission.